Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 15 килограми дрога, тројца приведени во Кумановско

Пронајдени 15 килограми дрога, тројца приведени во Кумановско

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, денеска ги приведе А.С.(28) од кумановското село Романовце, Д.Ц.(30) и Д.И.(29) од Куманово, поради недозволена трговија со дрога.

По издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во с.Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови.

Од страна на СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот