Утрински Весник
Македонија

Тешко повредени тројца пешаци прегазени од автомобили во Скопје

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во два одделни случаја во Скопје, во текот на вчерашниот ден (30 јануари) тешко повредени се тројца пешаци од Скопје, откако биле прегазени од автомобил. Според информациите од МВР, станува збор за женски лица на возраст од 78, 74 и 23 години.

Првиот инцидент се случил вчера околу 15 чaсот во населба Аеродром, на крстосницата од булевар АСНОМ со улицата „Васко Карангелески“.

Автомобил „опел вектра“, со скопска регистрација, управуван од 41-годишниот Г.Г. од Скопје, удрил во пешаците В.Г. (78) и О.Ш.(74), двете од Скопје.

Во незгодата двете жени се здобиле со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во вториот инцидент, исто така тешко повредена е 23-годишна девојка. Тој се случил синоќа во 21 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош.

Како што информираат од МВР, во Н.К.(23) од Скопје удрил автомобил марка „ауди А3“, управуван од 23-годишен скопјанец. Веднаш потоа девојката било итно пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во двете ситуации полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на расчистување на случаите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци

ДИК ги подготвува повторените локални избори за 11 јануари 2026

Држела ќерка во раце и молела за помош, полицаецот и рекол дека „не е обучен за тоа“ сведочи Наунова