Утрински Весник
Свет

Во Солун разбиена мрежа за шверц на дрога, пронајдени 324 килограми кокаин

Во Солун разбиена мрежа за шверц на дрога, пронајдени 324 килограми кокаин

Грчката полиција заплени 324 килограми кокаин и уапси три лица осомничени дека планирале да ja мешаат дрога со други супстанци и да ja продаваат.

Се проценува дека оваа количина на дрога на улиците би достигнала вредност од околу 100 милиони евра.

Хрватски државјанин (37), Албанец (36) и Грк (35) роден во Албанија биле уапсени во врска со случајот на плоштад во Солун.

Комбето во кое се наоѓала дрогата било запленето, а претрес бил извршен и во стан изнајмен од Хрватот.

Осомничените утре треба да се појават пред истражен судија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк