Утрински Весник
Македонија

Попова Шапка доби нов ски лифт

Попова Шапка доби нов ски лифт

Се пушти во употреба нов ски лифт – шестосед на Попова Шапка кој ќе им биде на располагање на сите кои ги сакаат зимските снежни активности.

„Денеска имаме прилика заедно со директорот на Елем турс Адем Авзиу и благодарение на поранешниот директор да присуствуваме на ставање на употреба на шестоседот кој ќе им биде од корист на туристите и нашите граѓани. Ние сме убедени дека токму вакви инвестиции ќе привлекуваме туристи, не само од регионот туку и од други држави“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, шестоседот ќе даде дополнителни услови за сите посетители на Попова Шапка.

„Се со цел на директен и индиректен начин да влијаат на економскиот развој на Тетово и регионот“, вели Бектеши.

Тој вели дека преку Елем турс веќе се подготвени неколку проекти, кои допрва треба да бидат реализирани.

„Има уште многу работа за завршување во делот на реализацијата на вакви проекти за подобрување на целосната инфраструктура“, вели Бектеши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија