Утрински Весник
Спорт

Клоп го надмудри Мурињо, Ливерпул со прв триумф во 2021.

Клоп го надмудри Мурињо, Ливерпул со прв триумф во 2021.
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалскиот шампион во Премиерлигата, екипата на Ливерпул славеше триумф со 3-1 во Лондон кај Тотенхем и конечно им се врати на победите по пауза од 5 натпревари.

„Црвените“ беа шокирани по само 3 минути игра кога Сон погоди за 1-0. Сепак по ВАР асистенција голот беше понштен поради милиметарски офсајд. Затоа гостите се радуваа на водство и тоа буквално во последните моменти од првиот дел. Фирмињо постигна гол за тимот на Клоп и тоа по пауза од околу 500 минути, за водство од 1-0.

Само што започна второто полувреме Александер-Арнолд одлично стрелаше за 2-0.

Само неколку минути подоцна, Хојбјерг намали на 1-2 и го врати домашниот тим во игра.

Во 56 минута повторно поништен гол, овојпат на Ливерпул. Салах постигна убав гол во 56. минута, но судијата го поништи затоа што Фирмињо играл со рака на почетокот на акцијата.

Сепак голот на Садио Мане во 65. Минута беше чист, за гостински триумф од 3-1.

Освен поразот, дополнителен проблем за Мурињо е повредата на капитенот на Спарси, Хари Кејн на почетокот на второто полувреме.

Ливерпул сега се искачи на четвртото место на табелата 37 бода, со четири помалку од лидерот Манчестер Сити. Тотенхем е на 6. позиција со 33 бода.

> Клоп го надмудри Мурињо, Ливерпул со прв триумф во 2021. <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов