Утрински Весник
Македонија

Се очекува британскиот сој на вирусот да стане доминантен во Македонија

Се очекува британскиот сој на вирусот да стане доминантен во Македонија

Откако беше откриен првиот случај на британскиот сој на коронавирусот, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно ќе стане доминантен во Македонија.

„Сега за сега знаете има неколку вакцини на пазарот, првите сознанија се дека мутацијата не влијае на ефикасноста на вакцината“, вели Кунгуловски.

Тој вели дека за разлика од обичниот грип, за коронавирусот нема да биде потребно сезонско вакцинирање.

„Добрата работа е за разлика од инфлуенца, од грип вирусите,овој вирус еволуира многу побавно и тоа има големо влијание врз дизајн на вакцини, бидејќи знаеме за инфлуенца треба сезонска вакцина, за овој не знаеме, но најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина“, вели Кунгуловски.

Кунгуловски порачува дека треба да бидеме во постојан мониторинг и постојана фаза на претпазливост.

„Досега се детектирани илјадници мутации во коронавирусот и најмногу од нив се неутрални, немаат никакво ефект“, посочи Кунгуловски.

За пациентот каде беше лоциран британскиот сој, тој вели дека не сака да коментира, но дека сепак вирусот се пренесува преку контакт, без разлика дали пациентот бил свесен за тој контакт преку кој го добил вирусот.

„Знаеме дека во самиот вирус се акумулирани неколку мутации, за секој позитивен пациент се детектираат три делови од коронавирусот, меѓу кои се детекрира и спајк протеинот и ние откривме некои недоследности кај пациентот. Тоа не наведе дека најверојатно има некаква мутација во спајк протеинот“, нагласува Кунгуловски.

Тој се надева дека многу лесно ќе биде да се имплементираат вакви методологии и во другите лаборатории.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме