Утрински Весник
Свет

Ништо нема да се смени пред летото во 2022, смета водечкиот германски виролог

Ништо нема да се смени пред летото во 2022, смета водечкиот германски виролог

Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен очекува дека светот долго време нема да се врати во „нормалноста“ поради пандемијата.

Тој исто така вели дека не верува во можноста за слободно патување во текот на ова лето.

За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката ситуација на пролет.

Тој вели дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако мерките се олабават тогаш, ќе има ново силно ширење на коронавирусот.

Дростен смета дека се корисни засилените гранични контроли и намалениот обем на воздушниот сообраќај.

„Ако имаме силна инфекција во земјата, тогаш не е многу важно дали се додава нешто однадвор, но ние веќе преминавме голем дел од патот и затоа мора да бидеме внимателни за тоа што доаѓа однадвор“, објасни тој.

Според него, пандемијата не може да се прогласи за поразена.

„Овој вирус не е безопасен. Не може да се претпостави дека веќе се покриени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се релаксираат мерките и секогаш да се анализира како тоа функционира“, подвлекува тој.

Што се однесува до летото 2022 година, Достен е убеден дека ќе изгледа подобро.

„Следното лето, за една и пол година, мислам дека ќе можеме да славиме“, вели тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел