Утрински Весник
Македонија

Велешкото обвинителство побара притвор за дилер на дрога​

Притвор за внукот кој извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвнителство во Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во домот на осомничениот, на 26 јануари 2021 година, службените лица пронашле наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 584,34 грама, наркотична дрога хашиш во вкупна количина од 4, 75 грама и психотропна супстанција – амфетамин во количина од 20,36 грама. Осомничениот неовластено заради продажба, ја чувал дрогата во повеќе различни пакувања на различни места во домот. Покрај дрогата, во станот на осомничениот е пронајдена и електронска мини вага за мерење.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе