Утрински Весник
Македонија

С.Македонија и БиХ меѓу земјите каде состојбата со коруцијата највеќе се влошува

С.Македонија и БиХ меѓу земјите каде состојбата со коруцијата највеќе се влошува

Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл (ЦПИ) за 2020 година ги рангира Северна Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) меѓу земјите во светот каде состојбата на корупција најмногу се влошува. Двете балкански земји се најдоа на 111 место на листата од вкупно 180 земји, позиција којашто ја делат заедно со Панама и Монголија. Земјава бележи пад од осум места во споредба со состојбата во 2012 година.

Северна Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови. Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се најдолу на листата, а годинава меѓу нив се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.

Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните за жал ја плаќаат со својот живот. Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри