Утрински Весник
Свет

Белата куќа бара меѓународна истрага во потеклото на коронавирусот

Белата куќа бара меѓународна истрага во потеклото на коронавирусот

Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Неопходно е да се разбере суштината на прашањето за избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Кина“, рече портпаролката пред почетокот на теренската истрага од експерти на Светската здравствена организација (СЗО).

Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на таа тема.

Тим од десет меѓународни научници на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан во средината на јануари. По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на коронавирусот што првпат се појави во Вухан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд