Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Обезбедувањето на правата на заедниците овозможува еднаква шанса за лично остварување

Пендаровски: Обезбедувањето на правата на заедниците овозможува еднаква шанса за лично остварување

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните процеси и стратешкиот план за работа на Агенцијата, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во однос на прашањата поврзани со остварувањето на правата на немнозинските заедници во нашата држава.

Во тој контекст беше посочена потребата од интензивирање на активностите од приоритетните области кои се дел од Стратешкиот план за работа 2020-2022, со цел поефикасно имплементирање на заложбите за рамноправност, развој, интеграција и просперитет на етничките заедници во земјава.

Претседателот Пендаровски нагласи дека обезбедувањето на правата на заедниците овозможува еднаква шанса за лично остварување на секој граѓанин, што е еден од основните предуслови за севкупен развој и стабилност на општеството. Во таа насока претседателот ја реафирмираше неговата континуирана поддршка на заложбите за унапредување на правата на сите етнички заедници во Република Северна Македонија, согласно нивните уставно загарантирани права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим