Утрински Весник
Свет

Лекар во Италија обвинет за убиство на двајца пациенти во ковид-оддел за да ослободи кревети

Лекар во Италија обвинет за убиство на двајца пациенти во ковид-оддел за да ослободи кревети
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лекар во Италија бил уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти на одделот каде што биле сместени заразените со коронавирус, со цел да ослободи кревети.

Според медиумските извештаи, Карло Моска (47) им дал смртоносни дози анестетик на 61-годишната Натали Баси и 80-годишниот Анџело Палети во март минатата година во болницата во Ломбардија.

Пораките меѓу медицинските сестри преку апликацијата „Вацап“ покажаа дека работниците се сомневаат дека Моска ги убил пациентите за да ги ослободи креветите на одделот.

Полицијата истражува уште три смртни случаи по обвинувањата дека овој лекар наводно ги сменил медицинските извештаи со цел да ги покрие трагите, пренесува „Дејли мејл“.

Моска е уапсен и е во домашен притвор, а тој ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги неосновани.

Од друга страна, обвинителот посочува дека пациентите чија смрт се испитува не биле интубирани и дека Моска немал причина да им инјектира анестезија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат