Утрински Весник
Македонија

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од основни и средни училишта, кој денеска го оствари министерката за образование, Мила Царовска.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата директорите дале безрезервна поддршка на реформите и напоменале дека целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација.

Министерката Царовска рекла дека со реформата за првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата.

Таа посочила дека училиштата треба да станат интересни места каде ќе се поттикне љубопитноста и критичкото и креативното размислување на децата и додала дека токму тоа се нуди со оваа реформа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од затвор итно во болница: Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден