Утрински Весник
Свет

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување на пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние кои покажуваат долготрајни симптоми на болеста по закрепнувањето, а исто така објави дека препорачува употреба на антикоагуланси во мали дози за спречување на згрутчување на крвта, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на денешната прес-конференција во Женева потврди дека тимот на независни експерти предводен од СЗО, кој моментално се наоѓа во кинескиот град Вухан, треба да го напушти карантинот во следните два дена и да продолжи со својата работа.

Харис одбила да ги коментира извештаите за доцнење на вакцинацијата во Европската Унија.

По тој повод, таа објави дека нема конкретни податоци, а приоритет на СЗО е здравствените работници во сите земји да се вакцинираат во првите 100 дена од оваа година, наведува агенцијата.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking