Утрински Весник
Магазин

Џенифер Гарнер на дневна дружба со стара пријателка

Тие заедно глумеа во 13 Going On 30,  романтична комедија од 2004 година.

Џенифер Гарнер и Џуди Грир негуваат пријателство кое трае до денес.

Во понеделникот, по прошетката со Џуди, Џенифер ги задеваше своите следачи на Инстаграм предизвикувајќи ги да погодат со кого се дружи тој ден.

 

Таа ја покажа својата придружничка одзади на својата Инстаграм-приказна и напиша: „Денес бев да се прошетам со една од моите најомилени личности“.

На друга фотографија, Џенифер напиша: „Совет: Застанува и разговара со секое куче што ќе го види!“

 

Гарнер е мајка на Вајолет (15), Серафина (12) и синот Семјуел (8), кои ги дели со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа и добитникот на „Оскар“ за „Арго“ се разделија во 2015 година по 10 години брак, а разводот го финализираа во 2018 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Науката сѐ повеќе потврдува: Животот на Земјата потекнува од вселената; сите делови од ДНК најдени на астероид

Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

Дневен хороскоп за 10 Јули 2026 година