Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Mакедонија ќе почне преговори со „Фајзер“ за набавка на нивната вакцина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се чекаат детали во однос на цената и на испораката.

„До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели министерот.

Филипче додаде дека властите во меѓувреме остануваат посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата „Фајзер“, но факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична за маж од тетовско за кражба на струја во вредност од над милион денари

Нови детали од истрагата: Во киднапирањето на Кајмакоски биле вклучени лица што ги познава

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари