Утрински Весник
Свет

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер Борис Џонсон бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19, пред средината на февруари, објави репортерот на Скај Њуз.

Претходно Џонсон рече дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лица со коронавирус не се намалува.Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила се додека во Владата не бидат сигурни дека програмата за вакцинација делува на спречување на ширењето на епидемијата.Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за „локдаун“, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Курдите во Сирија добиваат државјнство и право на мајчин јазик

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија