Утрински Весник
Свет

Кинески град со 2 милиони жители под блокада се соочува со недостиг од храна и лекови

Кинески град со 2 милиони жители под блокада се соочува со недостиг од храна и лекови

Властите во кинескиот град Тонгхуа беа цел на критики во јавноста поради слабиот одговор на зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирус, а гневот на граѓаните беше зголемен со недостигот на храна и лекови по воведувањето на блокада, пренесуваат светските медиуми

„Еј-би-си“ пишува дека шариште на болеста Ковид-19 се појавило во градот Тонга, во кој живеат над два милиони жители, па затоа се воведени строги мерки за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот. На граѓаните им е забрането да ги напуштаат своите домови.

Повеќе од 190 случаи на коронавирус се пријавени во градот на почетокот на јануари, а граѓаните на Тонгхуа очајно се обидуваат да најдат храна и неопходни потрепштини. Новинската агенција „Синхуа“ објави дека 14 локални лидери од Комунистичката партија се сметаат за одговорни за лошата превенција на епидемијата во тој град.

Здравствената комисија во Тонгху по трет пат од средината на јануари започна нова рунда за тестирање на популацијата на коронавирус. Овој град стана популарна тема на кинеската социјална мрежа Веибо, но и покрај жестоките дебати меѓу населението, локалните власти негираат дека градот се соочува со недостиг и глад.

„Градот во моментов има доволно резерви на основни намирници и други потрепштини, а транспортните канали се отворени за да ги задоволат основните потреби на граѓаните“, се наведува во официјалното соопштение на локалните власти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков