Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Крушево наскоро ќе добие Младински културен центар

Крушево наскоро ќе добие Младински културен центар
Img 7972

Старата училишна зграда, во повисокиот дел на Крушево, која што со години беше оставена на забот на времето, наскоро ќе биде Младински културен центар. Во овој објект ќе се вршат кино проекции, ќе се играат театарски претстави, во него ќе бидат сместени и граѓанските организации и здруженија кои што со својата работа ќе дадат придонес за развој на градот.

Со денешната донација од Државна лотарија на Македонија, како што вели градоначалникот Томе Христоски, на некој начин се заокружуваат активностите, со кои што се создаваат услови центарот да функционира непречено.

„Овој стар објект го реновираме со 300.000 евра од ИПА фондовите на Европската Унија. Со 27.000 евра од УНДП набавена е техника за квалитетна кино-проекција и за збогатување на ефектите на театарските претстави. А, со донацијата на канцелариски материјал и мебел од Државна лотарија на Македонија, во вредност од 989.904 денари ќе се опремат канцелариите на граѓанските здруженија што ќе функционираат во овој центар, здруженијата на лица со посебни потреби, дел од опремата ќе биде наменета за училиштето ООУ „Никола Карев“ и секаде каде што има потреба“, вели градоначалникот Христоски.

Тој истакна благодарност на донаторот и рече дека предметите кои ги добива центарот се во одлична состојба и подготвени се за користење и полесно одвивање на општествено важните процеси.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид

Филипче: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството