Утрински Весник
Свет

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарно оружје со Русија

Бајден: Не знам што има во документот, но Косово треба да биде независна држава

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија, потврди Белата куќа.

„На претседателот му беше одамна јасно дека новиот договор СТАРТ е во интерес на националната безбедност на САД. И ова продолжување има уште поголема смисла кога односите со Русија се ривалски како што се во моментот“, рече портпаролот на Белата куќа Џен Псаки на брифингот.

Таа исто така рече дека Бајден и дал задачата на американската разузнавачка служба за целосна проценка за хакирањето на Solar Winds, за мешањето на Русија во изборите во 2020 година, руската употреба на хемиско оружје против опозицискиот лидер Алексеј Навални и наводното плаќање на нападите врз американските трупи во Авганистан.

„Дури и кога работиме со Русија за унапредување на американските интереси, во исто време работиме на тоа да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините непромислени и контрадикторни постапки“, рече Псаки.

Договорот за контрола на оружјето, кој треба да истече на 5 февруари, ги ограничува САД и Русија да поседуваат максимум 1.550 распоредени стратешки боеви глави.Исто така, се ограничува поседувањето на распоредени ракети и авиони што можат да ги носат. Доколку договорот не биде продолжен, сите ограничувања за распоредување на американски и руски стратешки нуклеарни боеви глави и системите што ги носат ќе престанат, што потенцијално ќе предизвика нова трка со вооружување, предупредуваат експертите за политика.

Кремљ во средата рече дека останува наклонет да го продолжи билатералниот договор и ќе ги поздрави напорите за постигнување договор што го вети администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Енормни покачувања на чоколадото и чоколадните јајца во Германија

Нетанјаху: Хамас досега ослободи 196 заложници, 24 заложници се уште се живи

Израелските сили елиминираа командант на Хезболах одговорен за испорака на оружје во Либан