Денес на првиот наставен ден од второто полугодие јасно е дека сѐ останува по старо. Учениците, професорите и родителите повторно ќе се соочуваат со истите проблеми, ќе се жалат меѓу себе, ќе си бараат помош, ќе се мачат, а времето ќе врви како и во претходното полугодие, обвини Комисијата на образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Наставниците повторно ќе се снаоѓаат со сопствени лаптопи, со прекините на интернетот, со притисокот да пишуваат оценки, директорите со пишување нереални извештаи за текот на наставата, а и за заразените од КОВИД-19, родителите со сѐ ова и со трошење на огромен дел од своето време за напредок на сопственото дете.
Учебници нема да има ниту во второто полугодие, особено за средните стручни училишта. Националната платформа за далечинско учење воопшто не профункционира, а наставниците повторно нема да добијат навремена професионална обука. Над 10.000 ученици повторно ќе следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и притоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.
Министерката Мила Царовска наместо да направи анализа на проблемите и евалуација на постигнувањата цел распуст се бави со нешто, наречено Концепција за реформа на образованието искритикувана и отфрлена од сите релевантни институции.
Додека министерката се бави и на мускули ја турка концепцијата, наставниците и децата остануваат да се снаоѓаат како умеат и знаат, а таа продолжува да се фали со 90% успешна онлајн настава.
Жално и срамно! Не ви веруваме! Кому му се потребни лаги и невистини? Потребно е децата успешно да ја завршат годината!“ се наведува во соопштението.