Утрински Весник
Македонија

Царовска: Повеќето матуранти не ја бојкотираат наставата

Царовска Повеќето матуранти не ја бојкотираат наставата (Custom)

Министерката за образование Мила Царовска вели дека само учениците од една скопска гимназија организираат бојкот на наставата поради државата матура.

„Тоа се мали групи кои искажуваат свој револт, секако дека тоа е нивно легитимно право, само една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување во однос на бојкот на наставата, сите други се мали изолирани групи во гимназиите во Скопје, додека во Медицинското на пример нема ниту еден ученик кој бојкотира“, вели Царовска.

Таа вели дека има две здруженија на средношколци, едното е она кое е легитимирано од самиот старт, а другото е регистирано неодамна, првото е Сојузот на средношколци, а второто Глас на средношколците.
Според Царовска, матурата треба да се спроведе на начин на кој сега е утврдена, а понатаму да се измени и осовремени.

Таа истакнува дека сепак средношколците имаат избор помеѓу државната и училишната матура, во зависност од тоа дали сакаат да го продолжат своето образование.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?