Утрински Весник
Политички Партии

Ласовска: Доста беше со импровизации, нашите деца заслужуваат квалитетно образование

Ласовска: Доста беше со импровизации, нашите деца заслужуваат квалитетно образование

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на Комисијата за образование, наука и спорт побара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието и одржување на итна јавна расправа во Собранието.

Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, потребна е јавна расправа во Собранието, со вклучување на сите релевантни чинители.

„ Доста со глумење на некаква јавна расправа. Јавна расправа нема. Мила Царовска дозволи пишување на писма до неа, но тоа не е и не може да биде јавна расправа. Потребна е вистинска јавна расправа овде во Собранието со вклучување на сите релевантни чинители, со цел оваа реформа навистина да се унапреди и да се подобри квалитетот на образованието во Република Македонија.

Реформите во образованието мора да бидат резултат на изграден национален став кој што ќе биде создаден од тимови од реномирани и докажани експерти во областа, а не партиски експеримент на министерката Мила Царовска кој што има многу мани и недоследности за кои реагираа скоро сите кои се дел од образовниот систем во Македонија.

Негативните критики се се почести околу концептот на интегрирање на предмети особено на предметите Историја и Географија и со демантите од бројни здруженија излезе на виделина дека Царовска сака да манипулира со јавноста дека се работи за некаков фински модел кој што ќе значи укинување на предметот Историја и други предмети односно нивно интегрирање.

Таа нагласи дека јавната расправа, која што ја бараат во Собранието, треба да биде место каде што ќе можат да се слушнат многу забелешки, предлози, концепти и мерки врз кои, како што вели таа, подоцна би се изградила национална стратегија од која што ќе произлезат нови реформи и концепти во образовниот систем и истите ќе бидат донесени со консензус од сите политички чинители но и консензус од сите релевантни институции кои што ќе учествуваат во нејзиното градење.

Ласовска истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквото самоволие и ваквите експерименти кои што сака да ги турка оваа Влада преку министерката Мила Царовска се крајно несериозни, понижувачки и дека последиците од сето ова ќе ги трпат учениците и наставниот кадар.

Затоа, доста беше со импровизации, нашите деца заслужуваат најдобро, нашите деца заслужуваат квалитетно образование, а нашите наставници и професори квалитетни наставни програми, заврши Ласовска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт