Утрински Весник
Свет

„Твитер“ ѝ забрани пристап до профилот на Кинеската амбасада во САД поради твитот за Ујгурите

„Твитер“ ѝ забрани пристап до профилот на Кинеската амбасада во САД поради твитот за Ујгурите
Img 5587

„Твитер“ ѝ забрани пристап до профилот на Кинеската амбасада во САД поради наводна повреда на неговата политика против дехуманизација со твит во кој Кина ги брани своите активности во Сјинџијанг, пренесува РТ.

Ова се случува само неколку недели по суспендирањето на американскиот претседател Трамп од платформата. Платформата забранува „дехуманизација на група луѓе врз основа на нивната религија, каста, возраст, попреченост, сериозни болести, национално потекло, раса или етничка припадност“.

Технолошкиот гигант го заклучи @ChineseEmbinUS, официјалниот профил на Кинеската амбасада, за наводно кршење на политиките против дехуманизација откако одбила да избрише твит за одбрана на политиките на владата во врска со Ујгурите муслимани во регионот Сјинџијанг. Портпарол на Твитер во средата потврди дека профилот е сè уште е заклучен.

Твитот, во кој се вели дека ‘жените Ујгури веќе не се машини за правење бебиња, благодарение на работата на кинеската влада за искоренување на екстремизмот во Сјинџијанг’, и наместо тоа станале ‘посамоуверени и независни’, од 8 јануари беше скриен зад известувањето „овој твит веќе не е достапен“.

Сепак, „Твитер“ бара амбасадата рачно да го избрише твитот за да ѝ го отклучи профилот. Амбасадата твитна неколку пати по објавувањето на навредливиот пост, кој остана видлив најмалку 24 часа пред да биде цензуриран.

Кинеските медиуми претходно го критикуваа одговорот на „Твитер“ на твитот како лицемерие зашто и други твитови, кои остануваат видливи, исто така ја бранат кинеската политика во однос на Ујгурите.

Една објава содржи графикон кој прикажува како се зголемува бројноста на малцинството повеќе од 25 отсто од 2010 до 2018 година, а друг ги објаснува деталите на политиката на Пекинг за планирање на семејството во Ксинџијанг.

Кина ја бранеше својата ујгурска политика како спротивставување на екстремизмот во регионот, а САД во ноември ја тргнаа ознаката „терористичко“ од Источното туркистанско исламско движење (ЕТИМ) – милитантна верска организација.

„Твитер“ им дозволи на критичарите на Пекинг, вклучувајќи го и поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, кого кинеската влада неодамна го санкционираше за мешање во внатрешните работи на Кина, да ја обвинуваат Кина за спроведување геноцид во регионот, наводно со насилна стерилизација на жените Ујгури.

Иако „Твитер“ е забранет во Кина, владата одржува профили таму и на другите западни социјални мрежи наменети за странска публика. Платформата нема историја на заклучување на профилите на кинеската влада, предизвикувајќи шпекулации дека тајмингот на овој потег сугерира обид да се покаже фер поради зголемена цензура.



Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица