Утрински Весник
Македонија

Собранието го изгласа Законот за попис

Собранието ги верификуваше мандатите на сите 120 пратеници
Ss2

По 19 години во април ќе се одржи попис на населението во земјава. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои  Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Img 5587

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините