Утрински Весник
Спорт

Аргентинец ќе го наследи Зидан

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Позициите на Зинедин Зидан во Реал Мадрид се сериозно разнишани по синоќешната сензационална елиминација од Алкојан, во Купот на Шпанија. Реал и со играч повеќе на теренот не успеа да го елиминира членот на Терцера.

„Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“, тврди дека Зидан ќе замине по завршувањето на сезоната, иако во текстот не се исклучува можноста тој да добие отказ и во текот на сезоната, доколку тимот не успее да го врати на вистинскиот курс.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Аргентинските медиуми, пишуваат дека наследникот на Зидан ќе пристигне од Јужна Америка. Станува збор за најдобриот тренер на овој континент, Марсело Гаљардо. Од 2014 година, Гаљардо, со Ривер Плејт, два пати го освои Копа Либертадорес.

Гаљардо како тренер работел и во Национал од Монте.. Кариерата како играч ја градел во Ривер, Ди-си јунајтед, ПСЖ и Монако.

> Аргентинец ќе го наследи Зидан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата