Утрински Весник
Свет

Израелските сили по 182. пат го уништија селото Ал-Аракиб

Израелските сили по 182. пат го уништија селото Ал-Аракиб
Ss2

Израелските сили во вторникот по 182. пат го уништија селото Ал-Аракиб во пустината Негев, објавија „Анадолија“ и другите новински агенции. Локални извори велат дека израелските сили влегле во селото со голем број булдожери и ги урнале домовите и шаторите. Жителите биле раселени. Еден од нив, Азиз Ал-Тури, објасни дека уривањето се одвивало и покрај ужасното време.

„Врнеше и беше студено, но израелските сили сепак ги демолираа нашите домови“, рече тој и посочи дека ова е седми пат Израел да ги уништува нивните домови за време на пандемијата на Ковид-19.

300x250 (7)

Луѓето од Ал-Аракиб ја нагласија својата цврстина и решеност да останат на својата земја и повторно да ги изградат своите домови и шатори. Тие го истакнаа нивното отфрлање на плановите на Израел да уништи десетици села во Негев, со цел да ги раселат нивните луѓе и да им ја заземат земјата. Израел планира да гради еврејски градови на нивно место.

Ал-Аракиб беше демолиран за прв пат во 2010 година. Израел не го признава селото, но неговите жители истакнуваат дека тие ја поседуваат земјата уште од османлискиот период, децении пред Израел да биде создаден во окупирана Палестина. Тие имаат намера да останат таму и покрај повторените уривања.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите

Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој