Утрински Весник
Свет

Уапсен лидерот на „Горди момци“ поради немирите во зградата на Конгресот

Уапсен лидерот на „Горди момци“ поради немирите во зградата на Конгресот

Лидерот на екстремистичката група „Горди момци“, кој е осомничен за учество во нередите во зградата на Конгресот на 6 јануари, е уапсен на Флорида.

Тој е приведен и го чека обвинение, соопштија федералните власти.

Џозеф Рендал Бигс (37) од Флорида беше уапсен вчера и се соочува со три обвиненија: попречување на процес (гласање во Сенатот), упад во забранета област и непримерно однесување, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на Министерството за правда и изјавата на ФБИ, кое го опиша Бигс како организатор на „Горди момци“.

Бигс се појави веднаш на суд во Орландо и беше ослободен, но тој мора да остане во домашен притвор, според некои други ограничувања, се наведува во судските записи.

Адвокатот што го бранеше на суд не одговори на барањето на „Си-ен-ен“ за коментар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Јас сум единствениот кој ќе одлучи за прекин на огнот

Иран: Ормуската Теснина ќе се отвори само кога ќе има надомест за бродарина

Доналд Трамп Јуниор утре во посета на Бања Лука: Специјални безбедносни мерки и најави за бизнис-дипломатија