Администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ќе ја искористи секоја алатка за убедување за да ја запре изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ и ќе работи на убедување на европските партнери да не продолжуваат со него, изјави пред сенатскиот Комитет за надворешни работи номинираниот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува ТАСС.
Комитетот одржа сослушување за потврда на Блинкен во вторникот.
Тој рече дека Џо Бајден е убеден дека гасоводот „Северен тек 2“ е лоша идеја и дека администрацијата ќе ја искористи сите средства за да ги убеди партнерите, вклучително и Германија, да го отфрлат проектот.
Претходно, советникот на Бајден, Николас Барнс, изјави за германскиот весник „Ханделсблат“ дека САД се подготвени да ги укинат санкциите против „Северен тек 2“ ако Европа ја прекине неговата изградб.
„Европејците мора да ја запрат изградбата на „Северен тек 2“, а Американците да ги прекинат санкциите. Ова ќе ѝ овозможи на новата американска администрација доверливо и смирено да разговара со германската влада и со другите вклучени земји “, рече Барнс.