Утрински Весник
Свет

ЕУ-помош за Западен Балкан: Ќе ви дадеме вакцини, но не знаеме кога и не знаеме колку

ЕУ-помош за Западен Балкан: Ќе ви дадеме вакцини, но не знаеме кога и не знаеме колку

На утрешната видеоконференција, лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за солидарноста на ЕУ со трети земји кога станува збор за испораката на вакцините, но не се очекува конкретизација на датумите или количината на дози што може да пристигнат на Западен Балкан.

„Нема временска рамка за испорака на вакцини во трети земји. Ситуацијата е веќе доволно комплицирана во рамките на ЕУ поради проблеми со производството. Нашата намера е тоа да го реализираме кога самите ќе напредуваме доволно“, објаснува официјалниот претставник на ЕУ.

Во пресрет на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ, кој ќе се состане по деветти пат преку видеоконференција посветена исклучиво на борбата против пандемијата на Ковид-19, тие потенцираат дека земјите од Западен Балкан не треба да се сомневаат во принципот дека ЕУ ќе биде тука за своите партнери и дека ќе се залагаат вакцините како глобално добро да ги добијат сите што имаат потреба од нив.

Европската комисија го повика Западен Балкан да биде трпелив уште неколку недели и дека се воспоставува механизам во ЕУ што треба да им овозможи на партнерските земји пристап до 2,3 милијарди дози вакцини обезбедени од ЕУ преку заеднички набавки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масовен протест во Будимпешта: Над 50.000 граѓани против Орбан

Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции

Германија објави нацрт-закон за нов финансиски пакет од 500 милијарди евра