Утрински Весник
Македонија

Украдени капаци од шахти во Карпош

Украдени капаци од шахти во Карпош

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8-ми Септември и на улица Карпошево Востание, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош.

„Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Како семејниот клан на Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН?

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев

СДСМ: Полицијата денеска е понижена од страна на власта