Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Нова зора во САД со доаѓањето на Бајден

Фон дер Лаен: Нова зора во САД со доаѓањето на Бајден

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по повод инаугурацијата на Џозеф Бајден за нов претседател на САД, оценува дека ЕУ, по четири долги години, повторно има партнер во САД.

„Новата зора во Америка се чекаше долго време“, рече Фон дер Лајен.

Говорејќи пред Европскиот парламент, претседателоката на Европската комисија истакна дека САД се најстариот и најдоверливиот партнер на ЕУ и дека ЕУ и САД мора да работат заедно и да бидат лидери во светот.

Фон дер Лаен рече дека борбата против пандемијата Ковид-19 е приоритетна заедничка борба и дека очекува САД, предводени од Бајден, да се вратат на Парискиот климатски договор.

„САД се враќаат, а ЕУ е подготвена да му верува на стариот партнер и да вдахне нов живот во надежта за скапоцено партнерство“, заклучи Фон дер Лајен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Иран и САД заедно да го отворат Ормускиот теснец, Франција не учествува во „Проектот Слобода“

Kамионет се заби во толпа во Колумбија, тројца мртви, 38 повредени

Иран: Ќе ја нападнеме секоја странска армија што ќе се обиде да влезе во Хормуз