Утрински Весник
Македонија

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко.

Од полицијата информираат дека станува збор за 29-годишник со иницијали М.П. од селото Будинарци, Беровско.

Тој во текот на вчерашниот ден измислил сопствено наводно грабнување, за кое подоцна изјавил дека го сторил од финансиски причини.

Неговиот 57-годишен татко, вчера околу 18 часот во полицијата во Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син, а порака со слична содржина добила и неговата снаа.

На разговор во полицијата биле повикани братот на пријавениот и сопругата на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

Во меѓувреме, таткото ги оставил парите на наведената локација, по што неговиот син се вратил дома.

Синот бил повикан на разговор во полицијата каде го признал делото.

Парите биле пронајдени и вратени на неговиот татко.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути