Утрински Весник
Спорт

Бекам и на 45 години знае по некоја финта

Бекам и на 45 години знае по некоја финта

Газдата на американскиот МЛС тим, Интер Мајами и англиска фудбалска легенда Дејвид Бекам покажа дека уште има по некој трик во своите нозе тренирајќи со академијата на клубот во четвртокот.

45-годишниот Бекам, кој се повлече од спортот во 2013 по настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Пари Сен-Жермен и Лос Анџелес галакси, си облече копачки и им делеше лекции на младите фудбалери, понекогаш дури и буквално.

Во .то од тренинг-сесијата, Бекам дава гол протнувајќи ја топката меѓу нозе на младиот противник, по што покажува кон камерата и се смее. Ова инаку беше првпат тој да присуствува на тренинзи на својот клуб по стартот на сезоната 2020 поради пандемијата на КОВИД-19.

„Беше прекрасно да се биде со играчите од академијата, се потсетив на деновите од Манчестер јунајтед. Развојот на млади таленти е многу важен за нашата иднина“, напиша Бекам на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

View this post on Instagram

A post shared by Inter Miami CF (@intermiamicf)

> Бекам и на 45 години знае по некоја финта <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност