Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час во час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.

Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, што го погоди островот Сулавеси. Околу 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.

Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.

Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од околу 18 километри, покажуваат податоците на американскиот инситут за геофизика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување

Трамп на социјалните мрежи ги обои Канада и Гренланд во американски бои

Фон дер Лајен: Време е да изградиме нова, независна Европа