Утрински Весник
Свет

Ердоган: Америка направи сериозна грешка што нѐ исфрли од програмата за борбени авиони

Ердоган: Америка направи сериозна грешка што нѐ исфрли од програмата за борбени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше СAД за исфрлањето на неговата земја од програмата за борбени авиони Ф-35.

Исфрлањето се случи откако Анкара го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400.

Ердоган изрази надеж дека, кога станува збор за улогата на Турција во програмата Ф-35, ќе бидат преземени позитивни чекори кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата.

Тој истакна дека Турција платила сериозна сума пари за авионите Ф-35.

„Ова е многу сериозна грешка што Америка, како сојузничка држава, ја направи кон нас“, рече Ердоган.

Тој додаде дека ниту една земја не може да одлучува за чекорите што ќе ги преземе Турција во врска со одбранбената индустрија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар во фабриката на Панасоник на Тајван, повредени пет луѓе

Вајдел побара Зеленски во Берлин да се изјасни за наводите за незаконско задржување и малтретирање луѓе

Трамп им честиташе на демократите по поразот на меѓуизборите во САД