Утрински Весник
Македонија

Поставени полу-подземни контејнери на неколку локации во Охрид

Поставени полу-подземни контејнери на неколку локации во Охрид

Започнаа активностите за поставување на полу-подземни контејнери за депонирање на отпад во Охрид.

Контејнерите имаат капацитет од 5 m³ и располагаат со механизми за побрзо празнење, можност за заклучување и други карактеристики кои ќе овозможат нивно долготрајно користење.

„Проценетата вредност на контејнерите изнесува 1 милион денари, но оваа сума на е-аукција беше намалена на 434.889 денари. Со ова е остварена заштеда во износ 565.111 денар, од средствата на општинскиот буџет“, информираат од локалната самоуправа.

Во рамки на правата фаза, веќе е поставен ваков контејнер пред влезот на „Горна Порта“, а во текот на наредниот период полу-подземни контејнери ќе бидат поставени и на пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица „Славеј Планина“; на пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Даме Груев“ и на кеј „Македонија“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно и свежо: Денеска до 14 степени, на истокот можен слаб дожд

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени