Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени во престрелка во скопското село Љубош

Две лица фатени со оружје на Илиндеска во Скопје

Попладнево околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрво дошло до физичка пресметка помеѓу Н.К. (68) и Х.К. (32), кои биле со автомобил „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга страна.

Учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај кој му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа