Утрински Весник
Македонија

На улиците во општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

На улиците во општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег, општинските служби започнаа со акцијата за распрскување на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешки пристапни улици во Центар.

„Нанесувањето на емулзионата течност делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови“, велат од општината.

Додаваат дека оваа активност општината ја спроведува секоја година, непосредно пред најавите за врнежи од снег и замрзнувањето на улиците, апликацијата на течноста е по должина на целата улица и е само дел од мерките кои општината ги има подготвено за полесно справување со зимската сезона.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување на бројот на советници

Викендов времето ќе биде многу посвежо, повремено ќе дува засилен северен ветер!

Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас