Утрински Весник
Магазин

Шакира ги продаде правата на своите песни

Шакира ги продаде правата на своите песни

Шакира e последна во низата уметници кои ги продаваат правата на својата музика за сума од повеќе милиони долари.

Целиот опус – 145 нејзини песни – вклучително и Hips Don’t Lie, Whenever, Whenever и She Wolf, се вклучени во договорот.

Песните ја направија најпродавана жена латино уметник на сите времиња, со продадени 80 милиони плочи во светски рамки.

Договорот е склучен со инвестициската компанија „Хипгнозис сонг фанд“ која исто така неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во срцето на „земјата на убавите коњи“: Кападокија подготвува голем коњанички фестивал

Дневен хороскоп за 03 Јули 2026 година

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули