Утрински Весник
Македонија

Карневал во Вевчани: Василичарите не го исполниле ветувањето, интервенирала полицијата

Карневал во Вевчани: Василичарите не го исполниле ветувањето, интервенирала полицијата

Жителите на Вевчани и покрај забраните за групирање, на денот на традиционалниот карневал, денеска ги ставија маските и се обидоа да направат дефиле, но полицијата ги спречи во намерата.

„Полициски службеници интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на корона вирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица, со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија“, соопштија од СВР Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски: „И покрај претходно постигнатиот договор на три состаноци со лицата инволвирани во организирањето на карневалот, дека ќе се почитуваат мерките и ќе нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“.

Од СВР Охрид апелират заеднички да се придонесе за спречување на корона вирусот и да се зачувува здравјето, како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи 

234 советници во општини не поднеле изјава за имотна состојба

Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана