Утрински Весник
Свет

Во САД погубена првата жена по скоро 70 години, убила бремена жена и го извадила бебето

Во САД погубена првата жена по скоро 70 години, убила бремена жена и го извадила бебето

Американските власти ја погубија Лиса Монтгомери, единствената жена во сојузниот затвор што чекаше да биде погубена, во средата рано наутро, откако Врховниот суд ја отстрани последната пречка со одбивање на одлуката на понискиот суд за одложување на егзекуцијата, според новинарот кој го следел извршувањето во име на јавноста.

Нејзиното погубување за првпат било извршено врз жена од 1953 година.

52-годишната Монтгомери беше осудена во Мисури во 2007 година за киднапирање и убиство на Боби Џо Стинет, жена во осмиот месец од бременоста, чие бебе Монтгомери ѝ го извадила од матката. Детето преживеало.

Некои од роднините на жртвата биле на нејзино погубување, соопшти Министерството за правда.

Егзекуцијата на Монтгомери постојано беше одложувана затоа што одбраната тврдеше дека таа психички не може да ја разбере причината за казната. Нејзиниот адвокат Кели Хенри изјави дека ниту една веродостојна личност не може да ја оспори нејзината долгорочна ментална болест, која ја лекувале затворските лекари.

Егзекуцијата е извршена во затвор во Тере Хауте, Индијана.

Адвокатскиот тим на Лиза Монтгомери бараше помилување за фактот дека таа го сторила злосторството поради траумите од нејзиното детство во кое била малтретирана и жртва на непрекинато силување на нејзиниот очув и неговите пријатели и побара смртната казна да биде заменета со доживотен затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно