Утрински Весник
Свет

ФБИ отвори 160 истраги за нападот врз Капитол

ФБИ отвори 160 истраги за нападот врз Капитол

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило 160 истраги за минатонеделниот напад врз американскиот Конгрес во Вашингтон од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп.

Помошник директорот на ФБИ, Стивен Д’Антуоно, изјави дека тие досега обезбедиле 100.000 видеа и слики како докази во постапките, пренесе „Ројтерс“.

Обвинителот на градот Вашингтон, Мајкл Сервин, изјави дека 70 обвиненија се веќе поднесени, а очекува дека на крајот ќе има повеќе стотици.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик