Утрински Весник
Македонија

(Видео) Љутков: Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО, бараме итни оставки

(Видео) Љутков: Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО, бараме итни оставки

Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО, инсистираме на итни оставки, изјави Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека СДСМ три години со ред со своите лаги и никаква реална активност успеала да го загрози во целост статусот на охридскиот регион во светското наследство под заштита на УНЕСКО.

„Заклучоците од последниот извештај на УНЕСКО упатуваат на фактите дека нема никаква промена во состојбата од 2017 година и посочените забелешки и препораки, наместо спроведување и справување со дивоградбите, и тоа не само покрај брегот на езерото туку и во старото градско јадро, градежната мафија и понатаму царува во Охрид и Струга и наместо подобрување на состојбата со природното богатсво особено проблемот со Студенчишко блато, патеката сеуште е затворена, бетонирана, со што се нарушува биосферата на едно од најважните точки на Охридското езеро“, рече Љутков.

Исто така, додаде тој, заклучоците од последниот извештај покажуваа дека останува и проблемот со еколошките катастрофи, дивите депонии, немање никаква свесност на локалната самоуправа, а со тоа и кај локалното население, како и многу други факти и реални состојби, а најголемите забелешки се однесуваат на продолжувањето на проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје

„Со оглед на тоа дека Охрискиот регион е загрозен само и единствено од човечкиот фактор, односно од лошото менаџирање, неспроведување на законски регулативи, загадување и многу други кои се во целост предизвикани од несоодветното работење на надлежните институции, ставањето на природното и културното богатство на Охридскиот регион на УНЕСКО-вата листа на светско наследство во опасност ќе ја информира целата меѓународна зедница дека власта во Македонија претставува најголемата опасност и закана за Охридскиот регион“, рече Љутков.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова” во Скопје

Државата му исплати 50.000 евра на Ален Зекиров за 27 април

Земјотрес ја стресе Македонија – 24info.mk