Утрински Весник
Економија

Илон Маск падна на второто место на листата на најбогати луѓе во светот

Илон Маск падна на второто место на листата на најбогати луѓе во светот

По краткиот престој на врвот на листата на најбогати, милијардерот Илон Маск повторно е втора најбогата личност во светот. Неговото богатство падна за скоро 14 милијарди долари за еден ден.

Акциите на производителот на електрични возила „Тесла“ вчера паднаа за скоро 8 проценти, со што нето-вредноста на Илон Маск се намали за 13,5 милијарди долари на 176,2 милијарди долари. Значи, откако минатиот петок накратко го престигна извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, како најбогата личност во светот, Маск повторно падна на второто место, пишува „Форбс“.

Сега заостанува околу шест милијарди долари зад Безос, чија нето вредност е 182,1 милијарди долари. Акциите на „Амазон“ вчера паднаа за повеќе од два проценти, што исто така ја намали нето-вредноста на Безос за 3,6 милијарди долари.

Охрабрен од скокот на цените на акциите на „Тесла“, богатството на Маск се зголеми за околу 150 милијарди долари од март 2020 година, кога изнесуваше 24,6 милијарди долари.

Акциите на „Тесла“ се зголемија за над 720 проценти во 2020 година, а веќе добија дополнителни 12 проценти во првата недела од 2021 година.

Највредниот производител на автомобили во светот, „Тесла“, произведе половина милион автомобили во 2020 година.

И покрај падот на богатството, Маск е сепак околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузна стока Бернард Арно (денес вреден 154,6 милијарди долари).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“