Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Пендаровски ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор, Русос Кундурос

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција, Русос Кундурос.

„На церемонијата, претседателот Пендаровски рече дека односите меѓу двете земји денес се карактеризираат со пријателство, висок степен на политички дијалог и посветеност на политиката на добрососедство и регионалната соработка. Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека во периодот којшто следи приоритет ќе биде реализација на конкретни проекти, коишто ќе влијаат на натамошно интензивирање на економските релации“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Амбасадорот Кундурос истакнал дека Грција е подготвена да ја поддржи нашата земја во процесот на пристапување кон Европската Унија и искажал цврста заложба за јакнење на севкупните билатерални односи, со посебен акцент на унапредување на економската соработка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меџити до Димитриевски: Ако му пречи албанскиот јазик, нека ја напушти градоначалничката функција

Герила-акција пред МРТ по интервјуто на Изет Меџити, поставени симболични банкноти од 10.000 евра

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи