Утрински Весник
Магазин

Шварценегер го спореди упадот во Конгресот со кристалната ноќ

Шварценегер го спореди упадот во Конгресот со кристалната ноќ

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, во видео објавено на Твитер го спореди упадот во американскиот Конгрес од страна на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп со нацистичкото насилство врз Евреите.

Шварценегер, член на Републиканската партија и долгогодишен критичар на Трамп, ја спореди опсадата во Капитол со „Кристалнахт“, или Ноќ на скршени стакла, кога нацистите во 1938 година ги уништија бизнисите и институциите во сопственост на Евреите и десетици беа убиени.

„Тие не само што ги кршеа вратите од зградата што е дом на американската демократија. Тие ги погазија самите принципи врз кои е основана нашата земја,“ рече тој на видеото објавено на неговиот официјален профил на Твитер во неделата.

Навраќајќи се на своите искуства од детството во повоена Австрија, Шварценегер предупреди дека лагите, нетолеранцијата и соучесништво во некои меинстрим текови претставува закана за демократијата.

„Пораснав во урнатините на земјата што претрпе загуба на својата демократија … Растејќи, бев опкружен со скршени луѓе кои ја носеа вината за нивното учество во најлошиот режим во историјата “, рече тој. „Не сите беа бесни антисемити или нацисти. Многумина само одеа заедно, чекор по чекор, по патот. Тие беа луѓето од соседството “.

Актерот ги повика Американците да ги остават настрана своите политички убедувања и да заздравуваат заедно.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста