Утрински Весник
Македонија

Одрони на патот Маврово-Маврови анови

Одрони на патот Маврово-Маврови анови

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од дожд има низ целата држава. На патниот правец крак Маврово-Маврови анови поради појава на одрони се препорачува крајно внимателно возење.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ

Пензионер од Штип физички нападнал дете