Утрински Весник
Свет

Повеќе од 20 илјади лица починаа во Белгија од Ковид-19

Повеќе од 20 илјади лица починаа во Белгија од Ковид-19

Повеќе од 20.000 лица починаа во Белгија како резултат на инфекција со коронавирус, што ја прави една од земјите со најголеми смртни случаи по глава на жител.Белгија е земја која им дава значителна автономија на регионите и има девет министри за здравство.

Институтот за јавно здравје Скиенсано тврди дека 20.038 лица починале како резултат на инфекцијата во Белгија, пренесува Ројтерс. Белгија е втора земја во светот по бројот на починати, пропорционално на вкупното население, зад малата држава Сан Марино, според студијата на универзитетот Џон Хопкинс.

Белгиската влада воведе построги ограничувања во октомври за да се спречи порастот на бројот на заразени, вклучително и ноќен полициски час, задолжителна работа дома и затворање на барови и ресторани. Владата во петокот соопшти дека нема да ги заостри ограничувањата засега, но ќе разговара за нив на следниот состанок на 22 јануари, кога треба да биде појасно како празниците и повторното отворање на училиштата влијаеја на бројот на случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица