Утрински Весник
Свет

Личниот лекар на папата почина од коронавирус

Личниот лекар на папата почина од коронавирус

Личниот лекар на папата Франциско, Фабрицио Сокорзи почина како резултат на инфекција со коронавирус, објави весникот на Ватикан L’Osservatore Romano.

Според весникот, папата Франциско го избрал Сокорзи за свој личен лекар во 2015 година. Тој имал 78 години.

Лекарот бил хоспитализиран во Рим на 26 декември поради претходна онколошка болест. Не е познато кога последен пат бил во директен контакт со папата Франциско.Во интервју за италијанскиот Канал 5, папата Франциско објави дека Ватикан ќе започне вакцинирање против Ковид-19 следната недела, пренесува Си-ен-ен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дигиталното евро доаѓа: Еве како ќе функционира новата европска валута

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска